Познатата петорка СКРШЕНА поради смртта на Метју Пери: Еве како планираат да се простат од Чендлер

од Stefanija Kuzmanovska
304 прегледи

Актерот Метју Пери почина на 54-годишна возраст.

Тој бил пронајден мртов во џакузито во неговиот дом во Лос Анџелес, а веста за неговата ненадејна смрт го шокираше светот.

Метју најмногу го паметиме по улогата на Чендлер Бинг од серијата „Пријатели“ во која покрај него глумеа и Џенифер Анистон, Кортни Кокс, Лиза Кудроу, Мет Лебланк и Дејвид Швимер.

Многумина се запрашаа зошто познатата петорка се уште не се огласила во врска со смртта на нивниот пријател, а извор близок до актерите сега изјавил дека тие се „целосно скршени“ од веста и дека се подготвуваат да издадат заедничко соопштение.

„Тешко им е поради загубата на својот брат, бидејќи Мети беше нивен брат. Тоа е едноставно поразително“, изјавил извор за Page Six, додавајќи:

 

„Целата актерска екипа беше блиска, тие се скршени затоа што беа заедно во најдобрите, но и во најлошите времиња“.

Потсетуваме, серијата „Пријатели“ се прикажуваше од 1994 до 2004 година, има 10 сезони и постигна огромна популарност.

Слични содржини