Познатата тенисерка прозборе за тешката болест

412 прегледи

Некогаш најдобра тенисерка на светот, Каролин Вознијацки, неодамна објави дека се повлекува во пензија, а сега за магазинот People прозбори за тешката болест.

Пред една година ги изненади сите во спортскиот свет со признанието дека боледува од ревматоиден артритис, тешка автоимуна болест.

Таа откри дека сето тоа почнало кога сфатила дека се чувствува уморно повеќе од вообичаено, но дека верувала дека едноставно премногу тренира се додека едно утро не можела да стане од кревет.

„Еден ден се разбудив, по мечот кој траеше три ипол часа, и не можев да станам од кревет. Не можев да се мрднам. Тогаш сфатив дека нешто не е во ред“, раскажала тенисерката.

После тоа започнала да посетува доктори, но никој не знаел во што е проблемот.

„Откако ми направија крвни анализи, се покажа дека имам автоимуна болест, се сомневааа на лупус. По дополнителните анализи испадна дека се работи за ревматоиден артритис. Бев во шок, но истовремено и среќна што конечно знам што ми е и можам да започнам да работам на тоа да ми биде подобро“, признала.

Откако ја дознала дијагнозата, сепак усепала да ја заврши сезоната, а во јануари го освои и својот прв Гранд Слем на Аустралиан Опен.

View this post on Instagram

Rooftops ☀️👙🍹

A post shared by Caroline Wozniacki (@carowozniacki) on

„Никогаш не ми помислила дека јас, како професионална спортистка, би можела да ја имам таа болест. Не ми падна на памет дека здрава и силна личност која се занимава со спорт, би можела да се разболи од нешто“, рекла Каролин.

Ревматоидниот артритир не се лекува. Се работи за хронично воспаление на ткивата при што имунолошкиот систем ја напаѓа рскавицата, коските, а понекогаш и ги уништија органите. Каролин сепак продолжи да игра тенис.

„Некои работи ми беа тешки, но се чувствувам дека можам да направам се што ќе посакам. Успеав да остварам некои од најголемите победи во мојата кариера, без разлика на тоа што сум болна. Никогаш не сакав тоа да го користам како изговор“, истакнала тенисерката.

Таа додала дека јавно прозборила за болеста за да ги предупреди другите жени.

Слични содржини