Актерот Метју Пери неодамна објави мемоари „Пријатели, љубовници и големата страшна работа“ во кои откри многу детали за неговиот живот кои до сега не ни беа познати.
Тој пишува за својата борба со пороците, кризните ситуации во кои се нашол, а еден детал е особено интересен за медиумите – „горчливи чувства и незадоволство“, како што пишуваат, „кон Кијану Ривс“.
– Зошто вистинските мислители како Ривер Феникс и Хит Леџер умираат, но Кијану Ривс сè уште оди меѓу нас? – пишува Пери.
Патем, актерот имаше можност да работи со Ривер Феникс во 1988 година, а тој постојано зборуваше за тоа колку му било тешко што починал предвреме по предозирање.
– Ривер беше убав човек и однадвор и одвнатре, тој беше премногу прекрасен за овој свет, се испостави. Секогаш ми се чини дека навистина талентираните момци први заминуваат – вели Метју Пери.
Тој, исто така, се присети како липал откако ја слушнал веста за смртта на Ривер.
Ова, инаку, не е единствениот пат кога Пери вели дека му пречи што Кијану Ривс е сè уште жив – во делот каде што пишува за својот пријател Крис Фарли, кој исто така почина млад, повторно го изразува истиот гнев. Откако дознал за смртта на Фарли, не можел да го сокрие својот гнев.
– На ѕидот од гардероберот на Џенифер Анистон и направив дупка кога дознав – пишува тој. – И Кијану Ривс сè уште шета меѓу нас.
Колку што е познато, Метју Пери и Кијану Ривс никогаш не соработувале, а не е јасно зошто актерот вака зборува за својот колега.
Киану Ривс, инаку, има добра репутација и често го нарекуваат „најдобар човек во Холивуд“. Познат е по бројните хуманитарни организации во кои инвестира, а се труди да не биде во преден план и останува во сенка и покрај бројните добри дела.