Познати актери застанаа во одбрана на Жерар Депардје откако тој беше обвинет за силување

од Stefanija Kuzmanovska
418 прегледи

Францускиот актер Жерар Депардје во последно време се соочува со бројни обвинувања.

Имено, тој прво беше обвинет за силување во 2020 година, а потоа и за сексуален напад и вознемирување, а обвинувањата ги упатија повеќе од 10 жени.

Меѓутоа, сега десетици јавни личности одлучија да го поддржат Депардје во врска со хајката која се води против него веќе подолго време.

„Жерар Депардје е веројатно најголемиот од сите актери. Не можеме повеќе да молчиме пред линчот со кој се соочува“, се вели во писмото објавено во францускиот весник „Фигаро“, пренесува „Дејли Меил“.

Меѓу потписниците на писмото се и поранешната француска прва дама и пејачка Карла Бруни, актерките Шарлот Лампинг, Керол Буке, актерот Пјер Ришар и други.

„Кога луѓето на овој начин го напаѓаат Жерар Депардје, тие ја напаѓаат уметноста“, изјавила Керол Буке, пренесуваат споменатите медиуми.

Слични содржини