Откако принцот Хари и Меган Маркл одлучија да се повлечат од кралските должности и да започнат нов живот во Америка, односот меѓу Хари и неговиот постар брат Вилијам се промени неповратно.
Во кралското семејство, каде што насмевките често се маска, а протоколите се замена за искрени емоции, семејните караници се вообичаени. Некогаш неразделни, зближени од трагедијата на губењето на нивната мајка, денес тие ретко се среќаваат.
Кога ќе се сретнат, меѓу нив владее непријатна тишина. Иако јавно тврдеа дека секогаш ќе бидат тука еден за друг, нивните патишта се разделија, а разликите се продлабочија.
Сепак, краток момент по смртта на кралицата Елизабета остави зрак надеж дека работите би можеле да се променат.
Имено, за време на комеморацијата во капелата на замокот Виндзор, недолго по погребот на кралицата во септември 2022 година, откако влегол во капелата, принцот Хари му се обратил на својот брат тивко и прашал: „Да одиме први?“
Вилијам малку кимнал со главата, а потоа ѝ шепнал на Кејт Мидлтон: „Пушти ги први“.
Тој краток, речиси тивок дијалог бил поздравен како момент на пробив, зрно човечност меѓу многуте разочарувања, според „Дејли меил“.
Но, иако се чинеше дека заедничката болка од губењето на нивната баба ќе ги зближи браќата, тоа не се случи.
Во својата автобиографија „Резерва“, Хари дополнително го продлабочи јазот, опишувајќи се себеси како вечна „резерва“, брат роден само да служи ако нешто му се случи на наследникот.