Гласањето за петтото издание на Националниот избор за Најпосакуван Автомобил во Македонија дојде до својот крај, благодарение на што ги добивме победниците во секоја од категориите на Златно Тркало, вклучително и добитникот на Главната награда за Најпосакуван автомобил во Македонија.
Автомобилските вљубеници и ентузијасти во земјава го дадоа својот придонес во овој избор со својот глас со што се оформи конечната листата на победници. До петокот 31 Март во 23:59 часот, по 14-дневно гласање, циклусот за Златно Тркало заврши со вкупно 20.510 поделени во пет категории.
Како и во претходните години, сите финалисти на Златно Тркало беа промовирани подеднакво на социјалните мрежи од страна на организаторите, а по добивањето на конечниот резултат од гласањето, кое траеше до од 15 до 31 март (недела) во 23:59 часот, собрани беа вкупно 20.510 гласови добивајќи репрезентативен примерок каков што досега не е забележан кај нас, при што избрани се победниците во секоја од категориите, а тоа се:
– Главна Награда Најпосакуван Автомобил во Македонија со 39.90% од гласовите – Porsche Panamera
– Најпосакуван Премиум Автомобил во Македонија со 46.20% од гласовите – Audi Q8
– Најпосакуван Семеен Автомобил во Македонија со 29.49% од гласовите – Mazda CX-60
– Најпосакуван Градски Автомобил во Македонија со 47.53% од гласовите – Opel Corsa
– Најпосакуван Електрифициран Автомобил во Македонија со 31.22% од гласовите – Volkswagen ID.7
По иницијатива на Авто Плус, заедно во организација CARClub, Cars by Vik и RPM, Златно Тркало пристигна како уникатен начин за да се избере најпосакуваниот автомобил и опстојува во своето петто издание и веќе израснува во традиционална манифестација.
Кога станува збор за самиот избор, учество можеа да земат сите нови автомобили кои се промовираа на пазарот во изминатите 12 месеци. На конечната листа се најдоа моделите кои овластените импортери одлучија да ги номинираат.
По ова, финалистите беа ставени на гласање пред јавноста, а сите лица во земјава кои имаат пристап до интернет и социјални мрежи можеа да го дадат својот глас, според кој се добива конечниот резултат.
Редакцијата на Авто Плус во оваа прилика сака да им честита на сите учесници и на победниците на петтото издание на Златно тркало.