Познати се сите финалисти на Евровизија: Кои се земјите кои славеа во второто полуфинале?

од Nikola Popovski
356 прегледи

Второто полуфинале на Евровизија се одржа синоќа во Ахој арената во Ротердам пред 3.500 гледачи, а патот до финалето во сабота го обезбедија уште десет земји, како што се: Албанија, Србија, Бугарија, Молдавија, Португалија, Исланд, Сан Марино, Швајцарија, Грција и Финска.

Србија е единствената земја од регионот што се пласираше во финалето, откако Хрватска, С. Македонија и Словенија беа елиминирани во првото полуфинале. Годинава ги претставува женската група „Хјурикејн“ – Сања Вучиќ, Ксенија Кнежевиќ и Ивана Николиќ со песната „Локо Локо“.

За разлика од вторникот кога гледавме 16 учесници, синоќа имаше 17 земји: Сан Марино, Естонија, Чешка, Грција, Австрија, Полска, Молдавија, Исланд, Србија, Грузија, Албанија, Португалија, Бугарија, Финска, Летонија, Швајцарија и Данска. Програмата во Холандија повторно ја водеа актерката Шантал Јанзен (42), пејачката Едсилија Ромбли (43), пејачот Јан Смит (35) и блогерката и ѕвездата на ЈуТјуб, Ники де Јагер (27).

Во сабота, од 21 часот, ќе гледаме 26 финалисти: 10 од секое полуфинале, домаќинот Холандија и големите 5 земји: Франција, Велика Британија, Германија, Шпанија и Италија.

Фото: EBU / STIJN SMULDERS

Слични содржини