54
Некогашниот фудбалер на Ливерпул, Барселона и Атлетико Мадрид, а сега на Интер Мајами, Луис Суарез изминатиот викенд , спречил самоубиство во својата родна земја Уругвај, каде бил на одмор.
Имено, непознат човек на дрво закачил јаже, го врзал околу вратот и се обидел да се самоубие. Полицијата неколку часа се обидувала да го разубеди и спречи. На местото на настанот пристигнал Суарез со неговата сопруга.
Почнал разговор со него и по кусо време успеал да го разубеди од намерата.