Познатиот пејач целосно го промени стилот: Можете ли да го препознаете?

од Milan1
1,4K прегледи

Вчера познатиот пејач сподели нови фотографии преку својот Инстаграм профил, а промената на стилот ги изненади неговите обожаватели. Можете ли да го препознаете?

Имено, британскиот пејач се откажа од својот препознатлив изглед за потребите на снимањето на спотот за неговата нова песна и се одлучи за таканаречениот емо изглед. Се работи за Ед Ширан.

Тој во објава на Инстаграм објави серија фотографии кои го одбележаа снимањето на спотот за песната „Азизам“ и им порача на своите следбеници да изберат која негова верзија е најдобра за нив.

Ширан за оваа пригода облече црна облека, а својата препознатлива портокалова коса ја покри со црна перика и капа. Дури доби и пирсинг на усните.
За една од неговите фотографии во емо изданието, Ширан напиша дека имал ваква фотографија на Мајспејс како 14-годишник.

„Го сакам новиот изглед“, „Крал на селфи“, „Ти ме исплаши“, „Преслатко“, „Толку различни личности во една објава“, беа дел од коментарите.

Инаку, неговата промена на стилот се случи откако минатиот петок ги изненади минувачите во центарот на Лондон со импровизиран настап пред станицата Кингс Крос. Настапувајќи пред изненадените гледачи, тој отпеа некои од неговите најголеми хитови, вклучувајќи ги „Shape Of You“, „Bad Habits“ и „Perfect“.

Слични содржини