206
Познатиот зелен џемпер на украинскиот претседател Владимир Зеленски беше продаден за 90.000 фунти (111.000 долари) на аукција во Лондон, а потоа Зеленски им се заблагодари на Британците за континуираната поддршка по рускиот напад.
Џемперот е продаден на аукција организирана од украинската амбасада во Лондон во петокот, објави „Дејли мејл“, а парите ќе одат во хуманитарни цели во Украина.
Аукцијата на која беше продаден зелениот џемпер на украинскиот претседател ја организираше украинската амбасада во Велика Британија.