Познатиот зелен џемпер на Зеленски продаден за 111.000 долари на аукција во Лондон

од Stefanija Kuzmanovska

Познатиот зелен џемпер на украинскиот претседател Владимир Зеленски беше продаден за 90.000 фунти (111.000 долари) на аукција во Лондон, а потоа Зеленски им се заблагодари на Британците за континуираната поддршка по рускиот напад.

Џемперот е продаден на аукција организирана од украинската амбасада во Лондон во петокот, објави „Дејли мејл“, а парите ќе одат во хуманитарни цели во Украина.

Аукцијата на која беше продаден зелениот џемпер на украинскиот претседател ја организираше украинската амбасада во Велика Британија.

Слични содржини