Пејачката Бритни Спирс одлучи, како и многу нејзини колешки, да напише книга за својот живот.
Нејзините мемоари ќе бидат објавени наесен, пренесува „Page Six“ и ќе ги опфатат сите најранливи моменти од животот на пејачката.
Тие ќе го опишат детството на Спирс, почетокот на нејзината пејачка кариера, раскинувањето со Џастин Тимберлејк, нејзиниот живот под старателство на нејзиниот татко Џејми од 2008 година и нејзиниот брак со Сем Ашгари.
„Тоа е приказна за преживување, од старателството кое целосно ја парализираше до среќата со нејзиниот сопруг Сем Ашгари“, изјавил извор за медиумот.
„Нејзината книга е брутално искрена. Тоа е навистина приказна за женското зајакнување и преземање контрола врз својот живот. Има делови од оваа книга со кои секој човек, особено жена, може да се идентификува и да се чувствува помалку осамено. Таа ги претвора радоста и болката во нешто трансцендентно – уметност. Книгата ќе го потресе светот. Верувам дека ќе биде револуционерен инстант бестселер“, додаде изворот.