Познато кога почнува новата сезона во Серија „А“

од Vladimir Zorba

Новата сезона во Серија А ќе започне на 19 септември, една недела подоцна од планираното, објави денеска италијанската лига.

Оваа одлука, додава лигата, „го потврдува она што повеќето клубови веќе го изразија на состанокот посветен на таа тема“.

Сезоната 2019/2020 заврши во неделата откако беше суспендирана три месеци поради пандемија на коронавирус.

Италијанските клубови исто така ќе имаат пократка пауза за Божиќ од вообичаеното, а натпреварите ќе се играат на 3 и 6 јануари.

Слични содржини