Познато кога Путин ќе ѝ се обрати на нацијата

од Stefanija Kuzmanovska

Кремљ објави дека рускиот претседател Владимир Путин ќе ѝ се обрати на нацијата на 21 февруари, пренесува AFP.

Тие наведуваат дека Путин ќе одржи говор во Собранието, каде што ќе даде детали за состојбата во државата.

Портпаролот на Кремљ најави дека главни теми на говорот ќе бидат „специјалната воена операција во Украина“, како и економската и социјалната ситуација во земјата.

Да потсетиме, Путин на крајот на минатата година го откажа своето традиционално годишно обраќање, но и бројни други ангажмани. Многумина потоа шпекулираа дека Путин тоа го направил поради лоша здравствена состојба, иако Кремљ секогаш го негираше тоа.

Слични содржини