Познато кога Путин ќе ѝ се обрати на нацијата на државната телевизија

од Nikola Popovski
257 прегледи

Рускиот претседател Владимир Путин ќе и се обрати на јавноста во среда наутро во 08:00 часот, а министерот за одбрана Сергеј Шојгу ќе зборува во 8:30 часот, пренесува „Sputnik“.

Западните медиуми објавија дека Путин и Шојгу требало да се обратат вечерва, но тоа не се случило. Во меѓувреме почнаа да кружат различни теории зошто обраќањето на Путин не се одржа.

Еден од нив е уредникот на германскиот медиум „Тагесцајтунг“, Доминик Џонсон, кој има интересна теорија која ја изнесе на Твитер.

– Путин најави обраќање до нацијата, но не се огласува. Додека очите на светот се вперени во Москва, никој не се грижи за Генералното собрание на ОН, на кое Путин не смее да учествува. Тролање на највисоко ниво, напиша Џонсон.

Да потсетиме, денеска Луганската Народна Република, Доњецката Народна Република, Херсонската и Запорожјската област најавија дека од 23 до 27 септември ќе одржат референдуми за присоединување кон Русија.