Компанијата Тесла планира да започне со масовно производство на електричниот камион Cybertruck на крајот на 2023 година, дознава Ројтерс. Cybertruck првпат беше претставен во 2019 година, а производството првично беше планирано да започне кон крајот на 2021 година.
Постојано одложуваниот почеток на производство го направи ова возило нешто како мит меѓу љубителите на електричните возила, бидејќи многумина кренаа раце повеќе отколку што некогаш пикапот ќе види сериско производство, пишува РТС.
И покрај тоа што цената на финалната верзија на возилото се уште не е позната, ниту се познати неговите точни карактеристики, стотици илјади потенцијални купувачи веќе платиле 100 долари за да го резервираат својот Cybertruck.
Пред три години, почетната цена требаше да биде под 40.000 долари, но Tesla оттогаш ги зголеми цените на сите свои модели. Точниот број на резервирани возила не е познат, но ако му се верува на извршниот директор Елон Маск – компанијата „примила повеќе нарачки за пикапот отколку што може да пополни во првите три години од производството“.
Во согласност со тоа тврдење е и фактот дека Tesla престана да прима нарачки надвор од САД во мај.
Пред еден месец, Tesla објави дека ја подготвува својата фабрика во Остин, Тексас, за почеток на нов модел. Маск на конференциска врска со финансиските аналитичари рече дека „раното производство“ на електричниот пикап е закажано за средината на 2023 година.