Во филмската индустрија почнаа да се шират гласини за потенцијален режисер за 26-тиот филм за Џејмс Бонд. Според World of Reel, инсајдерите во студиото Amazon MGM откриле дека Дејвид Хејман, кој би можел да ја преземе функцијата продуцент на франшизата, размислува за мексиканскиот режисер Алфонсо Куарон како сериозен кандидат за ново продолжение на легендарниот филмски серијал.
Според информациите кои се појавија преку поткастот The Town, Куарон веќе се сретнал со директорите на Amazon за да ја претстави својата визија за следната приказна за познатиот шпион.

Алфонсо Куарон
Amazon, кој неодамна инвестираше повеќе од милијарда долари во креативните права на франшизата, не сака да губи време и откако ангажираше сценарист за новиот филм, почнува да бара режисер. Кристофер Нолан, долгогодишен миленик на фановите на серијата, поради работата на „Одисеја“ ќе биде надвор од игра најмалку уште една и пол година, а се чини дека „Amazon MGM“ се насочи кон подеднакво импресивни, но попристапни имиња.
Интересно е што на Куарон пред дваесетина години му беше понудено да режира еден од филмовите за Бонд. Иако беше заинтересиран, тој се повлече кога дозна дека акционите сцени ќе ги снима специјален тим одобрен од продуцентката Барбара Броколи.