Познато кој ќе го наследи богатството на Метју Пери

од Stefanija Kuzmanovska
499 прегледи

Крајот на октомври 2023 година беше одбележан со трагичната смрт на еден од најомилените актери од хит серијата „Пријатели“, Метју Пери. Неговото заминување погоди многумина, а додека се зборува за последните денови од неговиот живот, се појавија информации и за тоа кој ќе ги добие милионите кои ги заработи.

Благодарение на улогата на Чендлер Бинг во хит серијата „Пријатели“, Метју Пери се стекна со големо богатство за време на неговиот живот. Дополнително, имаше и бројни филмски улоги, мемоари, но и хонорари за нови прикажувања на омилената серија од 90-тите, кои со задоволство ги гледаат и новите генерации.

Неповторливиот Метју Пери зад себе остави големо богатство. Како што е одамна познато, за секоја снимена епизода на „Пријатели“ во седмата и осмата сезона добивал по 800 илјади долари, а во деветтата и десеттата сезона и до еден милион долари. Според некои проценки, само за улогата на Чендлер Бинг заработил околу 90 милиони.

Според некои странски медиуми, Пери во моментот на неговата смрт имал околу 120 милиони долари, како и бројни имоти, а бидејќи никогаш не бил оженет и немал наследници, целото негово богатство ќе оди кај неговите родители Сузан Пери и Џон Бенет Пери.

Слични содржини