Должината на ефикасноста на вакцината Спутник Лајт ќе биде три до четири пати пократка од имунитетот кој го пружа Спутник V, изјави денеска Александар Гинцбург, директор на Националниот истражувачки центар за епидемиологија и микробиологија Гамалеја, во интервју за телевизијата канал Русија-24.
Според Гинцбург, заштитата што ја обезбедува Спутник Лајт од коронавирусот, најверојатно ќе трае четири до пет месеци, пренесува Tas s.
Спутник Лајт, вакцина од една доза, е опишана како можно привремено решение што ќе им помогне на земјите со голема стапка на инфекција, наведе „Ројтерс“.