Prada се приближува кон договорот за купување на Versace од Capri Holdings Ltd. откако вториот се согласи на цена од речиси 1,5 милијарди евра (1,6 милијарди американски долари).
Модната компанија од Милано и Capri Holdings би можеле да го финализираат преземањето на познатиот италијански луксузен бренд за конфекциски производи веќе овој месец, велат упатените за Bloomberg. Преговорите напредуваат откако првичната анализа не откри ризици, велат тие. Времето и оценката би можеле да се променат, а преговорите теоретски сепак би можеле да пропаднат.
Capri го купи Versace во 2018 година за околу 1,8 милијарди евра. Двете компании одбија да ги коментираат овие наводи на медиумите. Акциите на Prada поскапеа за дури 3,9% во понеделникот наутро на берзата во Хонг Конг.
Потенцијалното стекнување на модната куќа основана од покојниот дизајнер Џани Версаче во 1978 година ќе и овозможи на Prada да создаде поголем италијански „играч“ на пазарот, за подобро да се натпреварува со светските луксузни групи како што се LVMH или Kering.