Земјите од Вишеградската група Чешка, Словачка, Унгарија и Полска, имаат подготвен акционен план за заострување на контролата на границите на Бугарија и Македонија, ако во текот на месец февруари не проработи договорот за заштита на турско-грчката граница. Тоа, го рече премиерот на Чешка Бохуслав Соботка пред државната телевизија во Прага.

мигранттт

Соботка истакна дека не треба да се дозволи повторување на ситуацијата од минатата година, кога во балканските држави во Централна Европа пристигнаа стотици илјади бегалци. “Турција располага со доволно средства за да се стави контрола над бегалската криза. Многу едноставно е да се запре заминувањето на чамци од турскиот брег, наместо да се враќаат од грчка страна”, истакна Бохуслав Соботка. Премиерот предупреди дека ако не влезе во акција договорот за контрола на границата меѓу Грција и Турција земјите од Вишеградската група ќе се фокусираат на други држави – Бугарија и Македонија, каде ќе учествуваат лично за зголемување на безбедноста на границите. “Ако до одржувањето во месец февруари на Советот на Европа нема резултати од Турција и Грција, земјите од Вишеградската група ќе понудат своја алтернатива. Тоа значи притисок врз Грција и Турција и овие две земји да преземат мерки за регулирање на бегалската криза”, истакна чешкиот премиер.соботка

Потсетуваме дека   властите во Прага, уште во месец декември одобрија план за испраќање на 25 чешки војници во Република Македонија. Од почетокот на годината од Грција во Македонија се придвижоле скоро 40 000 мигранти. Во изминатата година нивниот број надминува 700 000 луѓе. Сите тие доаѓаат организирано со автобуси или возови до македонскиот пограничен град Гевгелија. Пред неколку дена Соботка најави дека “Чешка е подготвена да ги затвори границите за мигранти, ако миграциската бран почне да ја загрозува националната безбедност”. Соботка повика да се прави разлика помеѓу бегалци бегаат од војната во Сирија и Ирак, и т.н. економски мигранти кои сакаат да имаат корист од социјалниот систем на Западна Европа. “Ние треба да им помогнеме на оние кои всушност им  сме потребни, но не по цена на кршење на сопствената  безбедност”, истакна премиерот. “Оние кои бараат азил, треба да се усогласат со законите и прописите”, категоричен е тој. Соботка ги отфрли уште еднаш плановите за усвојување на постојани механизми за распределба на бегалците меѓу земјите членки на ЕУ и повика на поголема заштита на границите на Шенген зоната. Според него клучната улога во разрешувањето на миграциската криза е на Турција.

Милош Земан: Проектот на ОН за мигрантите е наивен како болшевичката пропаганда

Во меѓувреме чешкиот претседател Милош Земан изјави дека НАТО треба да се вклучат во заштитата на границитеи  повика на ограничување на бројот на бегалците кои Чешка треба да ги усвои квота системот на ЕК. “Не би драматизирал за  земањето на три сириски семејства со болни деца. Не драматизирам и  за неколку десетици илјади ирачки христијани, подложени на прогонување од муслиманите, но јасно велам: “Доста. Тоа е сè “, изјави тогаш Земан.

Слични содржини