Англиската старлета и ријалити sвезда Кејти Прајс (42) повторно отиде под нож пред три недели, а фотографиите по интервенцијата се морничави.
Кејти имаше липосукција на целото тело, подигнување на очите и усните, липосукција под брадата, а салото ѝ било инјектирано во задникот.
– Искрено, отидов во пеколот и се вратив, беше ужасно! О Боже, изгледам како чудовиште од хорор филм – рекла старлетата која имала неколку интервенции во Турција, а нејзиниот изглед ужасна многумина.
– Само што помислив: „Тоа е тоа, ќе умрам“. Бев преплашена дека изгледам, како онаа Невеста од Вајлденштајн или лажна кукла – рекла Кети.
Оваа ситуација, сепак, не ја спречува повторно да оди „под нож“: „Би повторила, можеби за пет до десет години“, изјавила Кети за списанието „The Sun“.