Прашањето за Прешевската долина сега ќе биде покренато во Обединетите нации, беше порачано од средбата на политичките претставници на Албанците од Бујановац, Прешево и Медвеѓа со амбасадорот на Албанија во Обединетите нации (ОН) Ферит Хоџа во Њујорк.
Градоначалникот на Бујановац, Нагип Арифи, претседателот на Партијата за демократска акција (ПДД), Шаип Камбери, функционерката на оваа партија Ардита Синани и претседателот на Демократската партија на Албанците (ДПА), Рагми Мустафа, отпатуваа во седиштето на ОН, пишува порталот „Бујановац“.
Минатата недела Албанија за првпат го презеде едномесечното претседавање со Советот за безбедност на Обединетите нации.
По средбата со Хоџа во неделата, Арифи објави дека го информирал амбасадорот за „политичката ситуација во долината и проблемите со кои се соочуваат Албанците во Србија“.
„Прашањето за Прешевската долина сега ќе се покрене во Обединетите нации. Вклучувањето на Прешевската долина во најсеопфатната меѓународна организација е исклучително важно за откривање на вистината за состојбата и положбата на Албанците од Прешевската долина“, изјави Синани, поранешен претседател на општина Прешево.
Делегацијата од југот на Србија ќе има средби и со претставници на американската администрација и албанската дијаспора.