По донесената одлука за преименување на двете училиштата во Чаир во јавноста почнаа да се поставуваат многу прашања. Адеми во 2018 година го почна процесот, а пред неколу дена ги одобри промените на имињата на две училишта, оваа одлука за Заев прво беше незаконски, за подоцна да се премисли и рече дека се е во согласност со законот.
Уште во 2012 година општина Чаир доставува барање до Министерството за образование и наука за преименување на четири училишта на нејзината територија.
Тогашниот Министерот за образование и наука Панче Кралев потврди дека таквото барање е доставено до нив и објасни по кој редослед ќе се постапува.
– Барањата се доставени, меѓутоа, исто така, во тек е постапка од Државниот локален инспекторат, во однос на запазување на процедурата. Така да, од страна на министерството ќе почекаме да видиме дали инспекторатот ќе се произнесе по истиот случај, по што ќе продолжиме со постапката понатаму интерно во министерството – изјави тогаш Кралев.
За преименувањето тогаш беа предвидени основното училиште „Рајко Жинзифов” кое треба да се вика „Исмаил Ќемали”, „Никола Вапцаров” да го носи името на Имри Елези, училиштето „Цветан Димов” да биде преименувано во “Хасан Приштина”, а „Јане Сандански” да го носи името на Јашар Бегда.
Па така во 2015 „Јашар-бег“ и „Хасан Приштина” станаа новите имиња на училиштата „Јане Сандански” и „Цветан Димов” кои се наоѓаат во Чаир. Тогашниот градоначалник Изем Меџити на својот Фејсбук профил ги објави решенијата за преимењување на овие училишта.
„Со Министерството за образование и наука (МОН) неодамна официјално е постигнат консензус за промена на статутот со што се менува и имињата на училишта („Јане Сандански” станува „Јашар-бег во Скопје” и на „Цветан Димов” во „Хасан Приштина “)“, стои на ФБ профилот на градоначалникот Меџити.
Двете одлуки на МОН се со потпис на министерот Адему (датум 08.06.2015), а до Министерството за образование биле испратени на 28.10.2014 .
„Во текот на постапката за промена на имињата се испочитувани сите законски одредби“, објани тогаш Меџити.
Пред две години Министерот за образование и наука, Арбр Адеми, во изјава за медиумите кажа дека од 2018 министерството го започнало процесот за решавање на отворените прашања поврзани со имињата на училиштата.
„Јас лично како министер за образование и наука но и институцијата со која раководам, не сакаме да создадеме тензии во образовниот процес кога станува збор за имињата на училиштата, но остануваме на ставот дека именувањето на училиштата треба да ја отсликува волјата на заедницата која гравитира во тоа училиште. Треба да се отсликува волјата на колективот на училиштето, на родителите, учениците, без да се создадат проблеми и тензии за вакво прашање во јавноста“, изјави Арбр Адеми, Министер за образование и наука.
Од општина Чаир, кажаа дека Советите на училиштата “Исмаил Ќемали“ и “Имри Елези“, ги завршиле сите процедури предвидени со Законот за основно образование, за промена на нивниот статус и име.
„Одлуката за промена на имињата на овие училишта помина и во Општинскиот совет на општина Чаир, а за тие одлуки веднаш беше информирано и Министерството за образование. Имајќи го предвид ова, ние сметаме дека оваа процедура е завршена, изразена е волјата на родителите и учениците на овие училишта. Сега чекаме и апелираме до МОН што поскоро да ја испочитува оваа волја и да донесе одлука за конечна промена на имињата на овие училишта“, изјави Куштрим Ала, портпарол на општина Чаир.
Претседателот на Сојузот на наставници Албанци, Нухи Дардишта, тогаш изјави дека постапката за промена на двете имиња премногу се одолговлекувала и дека овие процедури за другите училишта биле завршени за пократок временски период.
„Не знаеме зошто има застој во промената на имињата на двете училишта во Чаир. Каде е проблемот? Можеби бидејќи проблемот еднаш се префрлува во министерството, а еднаш во општина. Согласно Законот за основно образование, член 21, алинеја 1, 2, 3 и 4, во алинеја 4 се вели дека за статусот на основните училишта согласност дава министерството. Единственото нешто што се бара со закон, колку што го познавам Законот за основно образование, е дека основното училиште бара согласност директно од Министерството за образование“, изјави тогаш Нухи Дардишта, претседател на Сојузот на наставници Албанци.
Пред неколку дена Министерот за образование Арбер Адеми на Фејсбук објави дека се променети имињата на две училишта во Чаир – „Никола Вапцаров“, кое сега се вика „Исмаил Ќемали“ и „Рајко Жинзифов“ кое сега е „Имри Елези“.
Советот на Општина Чаир гласаше за промена на овие имиња уште во 2012, беа поставени и нови табли, но административно во документите се уште стоеја старите називи
Адеми ги објави и документите од Централниот регистар.Откако ги потпишав потребните документи, прашањето со имињата на на училиштата во Чаир конечно е затворено“, напиша Адеми на Фејсбук.
По оваа објава на Адеми слдеуваше изјавата на Зоран Заев во кај тој укажува дека е незаконска донесена одлуката во општина Чаир за промена на имињата на две училишта.
Заменик-министерката за образование и наука Елизабета Наумовска изјави дека не знаела дека нејзиниот претпоставен потпишал одлуки за да се сменат македонските имиња на училиштата.
По оваа објава на Адеми слдеуваше изјавата на Зоран Заев во кај тој укажува дека е незаконска донесена одлуката во општина Чаир за промена на имињата на две училишта.
„Централниот регистар мора да ја коригира веднаш затоа што не постои одлука на Советот на општина Чаир. Со записник на некој си училишен одбор, надвор од законските прописи е спроведена одлуката и доставени се материјалите. Ги повикувам институциите да си постапат со закон“, рече Заев.
По оваа изајва директорката на Централниот регистар, Марија Бошковска-Јанковски рече дека постапката во Централниот регистар била целосно регуларна и дека било постапено во согласност со Законот за основно образование.
Воедно и градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу изајви дека сите процедури се поминати.
-Централниот регистар и официјално нè извести дека се регистрирани со новите имиња на училиштата. Затвораме проблем кој постоеше долго време, изјави Ганиу.
По овие разубедувања Заев вчера изјави дека се проверени сите аспекти од постапката на носење на имињата на основните училишта во Чаир.
По темелната анализа, правните тимови констатираа и ме информираа дека промената на имињата е согласно членот 26 од Законот за основно образование.Откако училишниот одбор донел одлука за измена на Статутот на училиштето со што се променува името на училиштето и се додава уставното име на државата, истата била потврдена и од страна на Советот на Општина Чаир. Баденетерово мнозинство не било неопходно. Одговорноста пред граѓаните подразбира и темелна проверка на фактите и спречување на какви било обиди за политичко поентирање врз база на меѓуетничките односи во нашата земја. Одговорно е да се водиме од словото на законот, нема и не смее да има простор за ширење национализам и поделби. СДСМ е партија предводник на концептот едно општество за сите која се води исклучиво од словото на законот“, напиша лидерот на СДСМ, Зоран Заев, на Фејсбук.
Околу промената на имињата на училиштата се огласи и генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари.
Ова е политички игри за манипулација. ДУИ не ги смени имињата на училиштата 18 години, имајќи ја целата власт во нивни раце, како локалната, централната, и сите други инструменти не успеа да ги смени имињата на училиштата. И сега еден месец пред изборите, имињата се менуваат. Аплаудирам на овој потег, иако требаше да се направи многу порано, не сега – рече Таравари.
Министерот за дијаспора Едмонд Адеми нагласи дека треба да се обрне внимание на квалитет, подобри услови за учениците,а не на имињта.
„ Да беа живи Исмаил Ќемали и Рајко Жинзифов, ќе беа повеќе за да има добар квалитет, подобри услови за учениците, отколку со чие име ќе се именува училиштето. Еве да го земеме фактот дека, по 10 години, оваа одлука за имињата се донесе. Но, мислам дека треба да зборуваме повеќе за квалитетот на образованието, понудените услови за учениците и наставниците“, изјави Адеми во ТВ емисијата „ Клик плус “на ТВ21.
За претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски преименувањето на двете училишта во Чаир е направено на незаконит начин.
„За нас ставот е дека тоа е направено на незаконит начин, начин на кој што се силуваат процесите во државата и сето ова се случува во предизборен период кога јавноста е сензибилизирана, кога граѓаните се сензибилизирани.Ако во нашиот образовен процес имињата на училиштата се суштински, а не квалитетот на наставата, тогаш ние живееме во едни други времиња. Јас повеќе би сакал тие училишта да се полни со ученици, да има внатре повеќе надгледни и образовни средства, отколку пред избори да го слушаме Заев како се препелка, те вака било те така било. А, од трета страна да гледаме дека во Тетово гимназијата „Кирил Пејчиновиќ“, сѐ уште учениците учат во субстандардни услови“, рече Мицкоски.