Пратеничката на „Зелените“ во германскиот Бундестаг, Емилија Фестер побара право на глас за двегодишниците.
Фестер со 24 години е најмладата пратеничка во Бундестагот, а често кажува дека сакала да гласа на осум години.
Сега таа го привлече вниманието на јавноста со тоа што се залага за правото на глас за малите деца.
Во заедничкото интервју со поранешниот претседател на Бундестагот, Волфганг Шојбле, на прашањето кој треба да има право на глас, таа одговори: „Лично, мислам, секој што го сака“.
Кога Шојбле праша дали тоа значи и двегодишни деца, Фестер рече дека таа лично смета дека и тие треба да имаат право на глас, а како претставник на „Зелените“ граѓаните треба да добијат право на глас веќе на возраст од 15.
И во минатото Фестер го привлекуваше вниманието на јавноста со непромислени изјави.
Во својот прв говор пред Бундестагот, критикувајќи ги ограничувањата за корона, таа рече дека не била во странство од почетокот на пандемијата.
Тоа подоцна се покажа како невистинито, бидејќи фотографиите на Инстаграм покажуваат дека таа била на одмор во Данска во 2020 година.