Сташа Стојановиќ, пратеничка од партијата на српскиот претседател Александар Вучиќ, времето во Собранието го искористи да зборува за важна тема – турбо кружниот тек во Нови Сад, пренесува „Јутарњи.хр“.
Стојановиќ зборуваше за турбо кружниот тек на расправата за разрешувањето на министерот Раде Баста.
Објаснувајќи зошто ќе гласа за разрешување на Баста, таа рече дека е важно секој министер да работи за државата што ја претставува, бидејќи на Владата на Србија ѝ треба единство и помалку дисонантни тонови и поддршка за она што се дефинира како државна политика.
За СНС, според неа, државната политика е грижа за граѓаните, што најдобро се одразува преку локалната политика, а особено го истакна Нови Сад. Свое место во нејзиниот говор доби и турбо кружниот тек, пишува 021.rs.
Dozvolite Staši Stojanović da vam objasni kako se koristi turbo kružni tok u Novom Sadu.
Sjajno izlaganje, prigodno Skupštini Srbije… pic.twitter.com/ga0BZo4fnS
— Radio 021 (@Radio021) July 11, 2023
Таа навела дека Нови Сад е прв по неколку работи, меѓу кои и овој пат. И тогаш со сета сериозност реши на сите да им објасни како се вози низ турбо кружен тек. Видеото, се разбира, веднаш стана вирално.
„Пред самата раскрсница, но и во самиот кружен тек, ознаката покажува по која коловозна лента се движиме и до влегување во кружниот тек, како и при излез од него, ја следиме таа лента. Ова е навистина голема олеснителна околност. особено за сите нови возачи, возачи почетници кои многу се плашат да влезат во кружниот тек“, објасни Стојановиќ.