82
Пратеничката од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Бети Стаменковска-Трајкоска објави дека е почестена што го добила одликувањето со орден „Витез од редот на академски палми“ од Француската Република.
Според објавата на пратеничката, ова одликување е добиено заради нејзиниот вложен труд во промоција на францускиот јазик и култура како професор, пратеник и претседател на Франкофонската секција во Собрание на Република Македонија.
-Горда сум што можам да кажам дека припаѓам на оние што градат мостови на соработка помеѓу земјите. Продолжуваме заедно, за Македонија, истакна Стаменковска Трајкоска.
Ова одликување, воспоставено во 1808 година, се доделува за исклучителни заслуги во областа на образованието.