Пратеник на ВМРО-ДПМНЕ истури црвена боја во Собранието

од Nikola Popovski
132 прегледи

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски кон крајот на своето обраќање од собраниската говорница истури црвена боја.

-Сите вие што ќе кренете рака за ова предавство ќе завршите на буништето на историјата. Затоа оваа течност нека ве потсеќа на крвата што ја газите, на жртвите од фашизмот, на децата од Ваташа и на крвта на хероите кои загинаа од Македонија а што вбие ја поганите со вашите дела, изјави Јарески и ја напушти говорницата.

Меѓу другото во говорот, Јарески потенцираше дека со францускиот предлог „се прави грешка од која нема назад, вакви грешки прават штета не само на нашата генерација, туку и на идните генерации, непоправлива штета и на сите изминати генерации“.