Пратеник од ВМРО-ДПМНЕ фрли монети и ги проколна колегите

од Nikola Popovski
268 прегледи

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Зоран Коцевски на денешната собраниска седница ги проколна пратениците кои ќе го прифатат францускиот предлог.

-Предавници аир да не видите, ви паѓа цената, еве ви ситниш. Да не видите мир во душите ваши и во вашите бедни предавнички животи. Да живее слободна Македонија, рече Коцевски од говорницата во Собрание.

Коцевски заклучи дека нив им е сеедно дали ќе бидат затворени за криминал или за национално предавство бидејќи ќе лежат во затвор и за едното и за другото.