121
Градоначалникот на Струга од редовите на ДУИ, Рамиз Мерко, поради сомневања за учество во корупција, од вчера е ставен на „стоп-листа“, а денеска му е одземен и пасошот, пишува на социјалните мрежи пратеникот од владејачката коалиција „Вреди“, Беким Ќоку.
Според него, мерките се преземени за да се спречи евентуалното бегство на Мерко, откако Артан Груби, кој е осомничен за милионска проневера во Државната лотарија, избега од државата пред да биде уапсен.
„Рамиз исто така е крупен, па ќе треба поголем куфер или багажник за да се прошверцува преку граница“, напиша Ќоку во објавата.