Претставникот на американскиот претседател Доналд Трамп, Стив Виткоф, пристигна во Москва, објави новинската агенција „Интерфакс“, каде што се очекува да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.
Виткоф се појави како клучен соговорник на Вашингтон со Путин, додека Трамп се залага за договор за прекин на војната во Украина, и веќе одржа три долги состаноци со лидерот на Кремљ.
Неговата последна посета на Москва дојде еден ден откако Трамп го критикуваше рускиот ракетен и беспилотен напад врз Киев, во кој загинаа најмалку 12 лица и објави на социјалните мрежи: „Владимир, СТОП!“
Трамп, исто така, рече дека е постигнат значителен напредок во мировните преговори, објави Ројтерс.
„Следните неколку дена ќе бидат многу важни. Средбите се одржуваат токму сега“, им рече Трамп на новинарите во четврток, додавајќи: „Мислам дека ќе постигнеме договор… Мислам дека се приближуваме кон тоа“.