Пратениците почнуваат со работа на 4 септември

од desk2
73 прегледи

По разрешувањето на државниот обвинител Марко Зврлевски, за пратениците од 18 август почна колективниот годишен одмор.

Затоа што на 28 август е празникот голема Богородица, а на 1 септември Курбан Бајрам, следната седница на Собранието е закажана за 4 септември.

На 29 и 30 август ќе заседаваат и собраниските комисии во врска со точките на дневен ред на седниците на почетокот на септември.

Станува збор за извештаите на УБК и на Агенцијата за разузнавање, кои ќе се најдат на дневен ред на собраниската комисија за надзор над работата над овие служби.

На 29 и 30 август ќе заседаваат и собраниските комисии во врска со точките на дневен ред на седниците на почетокот на септември.