“Прав човек на право место и се нема мака”- Набиулина ќе ја спаси рубљата од секоја криза

од desk3
89 прегледи

Директорката на руската централна банка (ЕЦБ) Елвира Набиулина (52 г.) со поразителна брзина и точност реагира на измените на финансискиот пазар, и за повеќе од две години на оваа позицијата кај неа не е забележан ниту еден пропуст, пишува германскиот весник Die Welt .

20151018.tlckkmvgzx
Во 2014 година руската ЦБ, за да се стабилизира курсот на рубљата презеде решителен чекор и ја зголеми основната каматна стапка од 10,5 до 17% и мерката се покажа ефикасна. Благајничките записи успеаа да го стабилизираат финансискиот систем и ги направија бескорисни шпекулациите на девизниот пазар. Така беше избегната голема криза.

Токму со овој потег Набиулина влезе во историјата на монетарните регулирања, но со ова не се исцрпуваат нејзините заслуги. Во услови на “економска бура ” шефицата на ЦБ ги презеде најразумните и навремени мерки: обезбеди валутна ликвидност за да можат компаниите и банките и банките да го исплаќаат надворешниот долг, а исто така донесе одлука за постепена транзиција кон постоечкиот курс на рубљата .

Собраните средства благодарение на Набиулина се вонредно важни за Русија, забележува германското издание. Ова му овозможи на Кремљ да не ги намалува трошоците за вооружување и социјалната сфера, финансиските резерви можат по потреба да служат за зачувување на буџетот.

Таа изјави дека во случај на неопходност и ако курсот на рубљата продолжува да се намалува, ЦБ ќе започне со пополнување на златните резерви – од почетокот на 2014 година се купени 238 тони злато во вредност од 11 милијарди долари. Се очекува оваа одлука да се покаже премногу поволна за финансиската ситуација во земјата.

На 9 октомври Елвира Набиулина ќе ја добие премијата на британското месечно списание Euromoney како најдобар шеф на централна банка во 70 земји во светот.

Церемонијата се одржа во перуанскиот главен град Лима за време на форум на Светската банка. Според Die Welt Елвира Набиулина заслужено е призната за најдобар во светот раководител на финансиски регулатор.