Здружението „Правда за штедачи”оствари собир поради тоа што претседателот на Уставниот суд го прави во врска со иницијативата за оценка на уставноста на член 163 став 3 од Законот за банки. По изминати 15 дена од првата седница, иницијативата се уште не е доставена на мислење до Собранието или Владата, што е редовен тек на работите, пред да биде донесена конечната одлука.
„Ваквата постапка на претседателот на Уставниот суд е неоправдана, ниту има основ во деловникот за работа на Уставниот суд. Напротив, таа е неоснована и со ништо непоткрепена, додека мотивот за ваквото (не)постапување, ние како здружение, го гледаме во очајниот обид преку „процедурални” трикови, претседателот да добие во време, со цел до 31.05.2021 година да не се најде точката на дневен ред, бидејќи на тој датум истекува мандатот на тројца уставни судии. Веројатно, очекувањата се дека новите уставни судии што ќе бидат избрани ќе бидат „послушни” на структурите кои од повеќе места во изминатиов период вршеа притисок врз судот. Од друга страна, би сакале да апелираме на постоечкиот состав на Уставниот суд да ја заврши започнатата работа, бидејќи претседателот е само еден меѓу еднаквите. Веруваме дека останатите уставни судии нема да дозволат преку процедурални „финти” да поминат влијанијата и притисоците. Очекуваме мнозинството во Уставниот суд цврсто да ја истурка работата до крај, во интерес на граѓаните”, велат од здружението