Хакан М, работник од Турција кој со месеци не добивал плата за својата работа, одлучил да му се одмазди на работодавецот на необичен и брутален начин.
Хакан инаку бил вработен во ископување на јаглен, исплатата на платите се одложувала, а откако повторно не добил плата за својата работа, седнал позади багер и уништил пет кабини на камиони, во сопственост на неговиот работодавец.
Сопственикот на компанијата всушност е вујко на Хакан, а изнервираниот работник сакал да направи уште поголема штета, но луѓето го спречиле во тоа.
Видеото во кое Хакан ја зема правдата во свои раце, беше објавено и на социјалната мрежа Тикток, каде за кратко време стана вирално. Многу корисници на социјалната мрежа се идентификуваа со Хакан и му дадоа целосна поддршка.