Правењето компот со расипани овошја секогаш ќе биде кисел, велат од „Белата палата“ за работната група за уставни измени

од Nikola Popovski
118 прегледи

Правењето на компот со расипани овошја секогаш ќе биде кисел, велат од ВМРО-ДПМНЕ за работната група, која треба да ги подготви амандманите за уставните измени.

Од најголемата опозициска партија ги коментираа и имињата на независните експерти кои ќе бидат дел од работната група, покрај преставниците на партиите, СЕП и претседателот.

-Партиските послушници или таканаречените експерти на ДУИ и СДС се доказ за немањето поддршка од сите општествени чинители на темата за уставните измени. И токму тие се причината за пропастот на сите образовни политики во изминатиов период, истакнуваат од „Белата плата“, нагласувајќи дека „уставни измени во овој мандат нема да има“.

Министерството за правда вчера ги објави и експертите кои ќе учествуваат во работната група за уставни измени. Меѓу нив се Сали Мурати и Бранко Наумовски – поранешни претседатели на Уставниот суд, поранешниот член на Уставниот суд, Бајрам Положани, кој е професор по уставно право, Маргарита Цаца Николовска – поранешен судија на Европскиот суд за човекови права во Стразбур, и наставници на различни факултети од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, Универзитетот на Југоисточна Европа и Меѓународниот Славјански Универзитет – Јетон Шасивари, Ана Чупеска, Елена Михајлова Стратилати, Беса Арифи, Јагода Митревска и Марија Пандевска. Од таму додадоа и дека списокот на работната група ќе биде дополнет со други членови кои ќе придонесат за подготовка на уставните измени.

На 11-ти април беа објавени имињата на претставниците на политичките партии кои ќе учествуваат во работната група, која треба да излезе со предлог за конкретни текстови за промена на уставот, со кои Бугарите во Северна Македонија ќе бидат вклучени во основиот закон. Опозициските партии не испратија свои претставници во работното тело.

Слични содржини