Секој трет маж неправилно става презерватив, а најголем дел од машката популација ги избегнуваат со изговори дека им го намалуваат задоволството, се мачат при ставаање и имаат миризба на гума.

Ова се неколку грешки кои се прават при употреба на презервативи:
Проверувајте дали се оштетени кондомите

Скоро 75 проценти од луѓето воопшто ги проверуваат дупчињата, дури иако пакувањето го отвораат со заби, што исто не е дозволено, или кондомот им запнал на прст, или на нокот.
Не го проверувате рокот на траење

Дури 61% од популацијата не знае дека кондомите имаат рок на траење. Но, внимвајте, немојте да го помешате датумот на истекувањето на рокот, со датата на производство.
Кондомите траат долго, обично по пет години, а оние со спермициди, кои постепено го разградуваат латексот две години. Сепак ако долго го носите во паричникот или џебот, од топлината на вашето тело рокот му се намалува. Ако кондомот е леплив или се кине, фрлете го.