Правило на 72 часови: Што да направите за да ги надминете тешкотиите?

од desk4
224 прегледи

Животот ни носи и тешки и комплицирани моменти, кои е најважно да ги надминеме и да излеземе од тие ситуации како голем победник.

Но, сите знаеме дека е полесно ова да се каже, отколку да се примени на дело. Никој од нас не е исклучок и непријатни ситуации може да ни се случат секој ден.

Чудесното правило на 72 часови вели дека секој проблем станува минорен по само три дена, а како негов еквивалент може да се земе добро познатата изрека „секое чудо за три дена“. А, верувајте, тоа е навистина точно.

Првиот ден ќе се нервирате, ќе се прашувате што се случило и дали сте заслужиле таква тага и огорченост. Но, откако ќе отспиете и ќе се разбудите следниот ден, ќе сфатите дека интензитетот на емоциите се намалил. Некаде приквечерта ќе можете дури и да се пошегувате на сметка на настанот. Веќе во третиот ден ќе бидете навикнати на ситуацијата и ќе сфатите дека сепак, не е толку трагично колку што првично ви изгледало.

Кога следниот пат ќе бидете во искушение импулсивно да реагирате во непријатна ситуација, само сетете се на ова правило и применете го. Нека ви стане навика. Ќе сфатите колку полесно ги надминувате проблемите и станувате помудри во нивното решавање.

Слични содржини