Православието – исправено пред Страшниот суд

од desk3
137 прегледи

За близината на Руската Православна Црква со власта, за конзервативниот нејзин радикализам и стремеж кон јерархија и раскош се раскажуваат цели параболи. Што е иднината на црквата? Одговор на ова прашање бара Виктор Ерофеев за DW.

0,,16354615_303,00

Руската православна црква се соочува со Страшниот суд од еден земен судија – руската либерална интелигенција. Таа треба да плати за демонизирање на вредностите на денешните западно ориентирана Руси, споредувајќи ги со европските грешници (или цела Европа), кои од гледна точка на црквата се осудени на вечни маки. И тоа не е полемика, туку вистинска војна. Во оваа војна веќе паднаа некои познати жртви како “Пуси Рајот”. А колективната жртва е руската средна класа, која се покажа без каква било морална поддршка.

Во борбата со Западот православието се повеќе се наклонува кон стратешките наративи на радикалниот исламизам за цивилизацијата на неверниците. Излегува дека нашата колективна душа се движи на исток со голема брзина и големото прашање е што ќе се случи при тоа движење? Дали во таков случај таа ќе ги отвори своите источни корени во традиционалната секуларна култура или ќе избледе, откажувајќи се од наследството на Европа? Ова е прашањето на блиска иднина. Кој од претставниците на интелигенцијата не одел во подоцнежните години на советската власт во црква, дури и само на Велигден? Кој не се одржувал морално кон црквата? Кој не крштаваше деца? Сите. Јас исто така сум одел во црква, гикрштевав децата. И верував дека ќе дојде време кога црквата ќе стане алатка за обнова на општеството.

Просветлените духовници замолкнати

Разочарувањето беше многу големо. Црквата не го освежи општеството и сама не се обнови. Таа се приближи цврсто до државата, жртвувајќи го потенцијалот на слобода заради власт и пари. Во одреден момент во црковните кругови се појавија интересни и живи личности. Отец Александар Мен бараше одговор на “проклетството” и прашањата на земното битие. Не е ли тоа една основна тема, посакувана од црквата? Но отецот раздразни многумина и беше убиен многу пред Борис Немцов.

Обама од Молитвениот појадок во Вашингтон: Верата може да помогне против стравот

Отец Георгиј Честјаков ја бараше смислата на животот во милосрдието. Но тоа исто така се покажа маргинален правец. Кога на патријаршискиот трон се искачи патријарх Кирил, многу просветлени духовници ме уверуваа дека тој е современ, паметен и образован човек. Може и да е така. Но Просветлените духовници наскоро замолчеа, а црквата се повеќе почна да се заплеткува во материјални скандали со скапи часовници, одмори и раскошната резиденција на патријархот на Црното Море, која се чуваат деноноќно од 20 нуркачи како што зборуваат луѓето. И работата не е во овие гласини, туку во нивната насоченост.

Можно е најскапиот швајцарски часовник на патријархот (од кој тој се откажа или поточно Патријаршијата се откажа од негово име, и го избриша часовникот со фотошоп), автомобилските моторизираната придружба и луксузните имоти да се лузни на современиот човек. Но моралните прашања се повеќе се наметнуваат меѓу мрачноста и постојаната борба (која изгледа цинично) за убав и луксузен живот. Во оваа борба особено се истакна Чаплин, идеолог на црквата од блиското минато. Тој дојде премногу далеку во исламизацијата на црквата, во борбата против кратките здолништа и долна облека. Си проби пат за напред и изгледаше како провокатор. Беше отстранет, но тоа не е тренд во црквата.

Заложници на верата во апсолутните вредности

Критиката против современото православие во интелигентното општество е емоционално и саркастично. Тоа е безмилосно. Но овој Страшен суд се ограничува до тврдењата за скапи часовници и близината со властите. Многу луѓе од различни возрасти се откажаа од црквата. Но сепак сите ние се соочуваме во црквата по крштевки, поретко на венчавки и почесто на панахиди. Ние сме заложници на нашата вера во апсолутните вредности. Не можеме без црквата, а сега не можеме и со неа. Нека Сеќавање на француските писатели во повоените години, кога француската компартија беше многу силна. “Без комунистите не смее да се презема ништо, велеа тие, но и со комунистите исто така не се добива”.

Што ќе е црквата во Русија во иднина? Ќе продолжи ли да ја разобличува сатанска демократија на Западот или ќе ја признае за помала од можните социјални зла? Ќе престане ли да си игра со оган, да го стимулира култот кон политичка сила и авторитативната униформност? Никој не знае. “Без одговор”, би рекол Гогољ. Јасно е дека, сепак, Руската православна црква треба да се излекува од своите хронични болести на сервилност и ксенофобија. Како во 1990-те години, Русија повторно има потреба од обнова на црквата, која се занимава повеќе со богословие и милосрдие, отколку со применета теократија.

* Виктор Ерофеев е писател, литерат, телевизиски водител. Автор е на книгите “Руската убавица”, “Добар Сталин”, “Акимуди” и многу други. Носител е на францускиот Орден за уметност и литература и на витешкиот ред на Легијата на честа.