Празничен десерт со карамел и круши

од Elena Daskalova
416 прегледи

Се работи за интересен спој на вкусови кој сигурно ќе ве воодушеви.

Потребни состојки:

3 јајца
200 гр + 100 гр шеќер
Рендано чоколадо
100 гр гриз
100 гр брашно
Еден прашок за пециво
50 мл масло
5 круши
Малку маргарин
Сецкани ореви
Шеќер со арома на рум

Подготовка:

Изматете ги јајцата со 100 гр шеќер и додадете малку рендано чоколадо, гриз, брашно измешано со прашок за пециво, маслото и сето тоа добро измешајте го.

Во помало тенџере стопете 200 гр шеќер со малку маргарин и добро изедначете. Плехот за печење обложете го со хартија и ставете го карамелот. Крушите исечете ги на половини, извадете ги семките и наредете ги со рамната страна на карамелот. Растурете од сецканите ореви.

Врз крушите ставете го тестото. Печете 40 минути на 19 степени. Превртете го колачот со крушите нагоре. Посипете со шеќерот со арома на рум.

Слични содржини