Пребродел разни здравствени проблеми: Бора потврди дека оди на лекување

292 прегледи

Веќе подолго време во српските медиуми се шпекулира дека Бора Ѓорѓевиќ се бори со опасната болест и дека е на лекување, а сега фронтменот на култниот рок бенд Рибја Чорба, потврди дека моментално се лекува, не прецизирајќи од што.

– Во Љубљана сум, се лекувам и не давам интервјуа – кратко порачал за Глорија.

– Седум дена му е добро, па потоа неколку му е лошо, па поради тоа не можеме да го прецизираме датумот за промоција. Бора сака да ги претстави новите песни по секоја цена. Поради тоа и свирките ги сведовме на две-три месечно – додал Бане Обрадовиќ, менаџер на составот.

Како што пренесува неделникот, ова не е прв пат Бора да се соочува со здравствени тегоби. Долго време имаше проблеми со ‘рбетот, а за време на кариерата доживуваше бројни падови и скршеници, некои од нив и на самата сцена.

За потсетување, во октомври минатата година, извор за Свет изјави:
„Бора полека ќе престане да настапува поради рак на простатата. Тој неодамна сфати дека е болен, а итно му требаат пари за лекување. Единствено решение е операција. Најважно е тоа што Бора одлучи да се лекува, па се надеваме дека наскоро ќе го победи и ова“.

Слични содржини