Папата Франциск попладнево пристигна во посета на Словачка од Унгарија, каде исто така престојуваше во официјална посета.
Папата на аеродромот ‘„М.Р. Стефаник“ бил пречекан во Братислава од највисоките претставници со делегација и словачки бискупи, објави агенцијата Таср.
Посетата на папата Франциско на Словачка ќе трае четири дена. Тој пристигнал со својата официјална делегација и 80 новинари.
На аеродромот го пречекале претседателката Зузана Чапутова, народниот правобранител Марија Патакјова, католичкиот дисидент Франтишек Миклоско, Херта Висна, преживеана од холокаустот и Марија Јасенкова, директор на здружението на граѓани Пламен, кое се занимава со палијативна нега на деца.
На аеродромот го пречекале и премиерот Едуард Хегер, претседателот на парламентот Борис Колар и неколку словачки бискупи.
Присутни биле и словачкиот министер за надворешни работи Иван Корчок и градоначалникот на Братислава, Матус Вало.
Според традицијата, членовите на детскиот фолклорен ансамбл „Лучка“ во народни носии од Вазец го пречекале Папата со леб и сол.
Папата добил и букет оригинални словачки растителни видови и билки.