Во текот на месец јануари годинава во пречистителната станица за отпадни води Волково пречистени се вкупно 71.339 кубни метри отпадна вода. Притоа, од механичкиот предтретман на водата се отстранети приближно 2 тона различен отпад, информираат од ЈП „Водовод и канализација“.
Пречистителната станица за отпадни води Волково е наменета за чистење на комуналните отпадни води што доаѓаат од собирното подрачје на населбите Кисела Јабука, Стопански двор и Волково.
Станицата е предвидена за 19.500 еквивалент жители. За пречистување на отпадните води се користи современа СБР технологија, а се прават и анализи на параметри кои се предвидени во дозволата за испуштање отпадна вода во реката Лепенец.