Пред избори се бараат “надворешни непријатели”- Клинтон ја обвини Кина дека нејзини хакери продираат во американски компјутери

од desk3
86 прегледи

Кандидатот за претседател на САД од демократите Хилари Клинтон ја обвини во саботата Кина дека краде трговски тајни и “огромни количини владини информации”, како и дека се обидува да врши “хакерски упади во сето она што не се движи во Америка”, пренесува Ројтерс.

клинтон

Клинтон зборуваше вчера за време на манифестација од кампањата во државата Њу Хемпшир. Реториката на Клинтон на адреса на Кина изгледаше далеку посилна од обично користената од демократската влада на претседателот Обама, забележуваат агенциите.

Таа изјави дека сака подемот на Кина да е мирен. “Но, ние треба и воопшто да не губиме внимателност, кинеската армија расте доста брзо, тие создаваат воени објекти кои повторно се закануваат на земји со кои имаме договори, како Флипините затоа градат на спорна земја “, рече Клинтон, државен секретар на САД во периодот 2009-2013 година

“Тие се обидуваат и да вршат хакерски упади во сето она што не се движи во Америка. Крадат трговски тајни од подизведувачи во одбранбениот сектор, крадат огромни количини владини информации”, рече таа.

Клинтон е фаворит за номинација на Демократската партија за претседателските избори во ноември 2016 година

Ројтерс забележува дека претставник на Белата куќа одби да ја коментира вчерашната нејзина реторика во Њу Хемпшир.

Што се однесува до преговорите за иранската нуклеарна програма во Виена, таа рече дека дури и да се постигне договор со Иран, “агресивноста нема да заврши” и ќе продолжи да биде главна држава спонзор на тероризмот.

Клинтон исто така, истакна дека поради договорот на членство во НАТО за заштита на другите членови, ако Украина била член на Алијансата при анексија на Крим “, ова требаше да нè натера да реагираме”.

Што се однесува до рускиот претседател Владимир Путин, таа додаде: “Имав работа со него. Го познавам. Не е лесно човек. Но не верувам дека има друга алтернатива освен постојан дијалог”.