Пред-нарачките за Samsung Galaxy S9 слични како оние за Galaxy S8

од Vladimir Zorba
277 прегледи

Прелиминарните нарачки во Кореја за новиот предводник на Samsung, кој беше претставен за време на мобилниот конгрес во Барселона, се блиски или малку пониски од оние на Galaxy S8 пред една година. Според портпаролот на Samsung, тие биле на нивото на претходниот модел со предвид дека бројката може и да е помала, бидејќи првичните барања за Galaxy S8 и Galaxy S8 + почнаа 8 дена по претставувањето, додека кај Galaxy S9 и Galaxy S9 + овој меѓу период беше само 2 дена.

Извори од круговите на корејските мобилни оператори сепак велат дека клиентите се многу помалку ентузијастички расположени од новите модели и тешко ги откриваат разликите меѓу новиот предводник на Samsung и другите модели на пазарот. Тие забележуваат дека интересот е, секако, помал од пред една година. Аналитичарите исто така велат дека нискиот интерес се должи и на фактот дека корисниците веќе ги користат своите паметни телефони за подолг временски период, што влијае на целата индустрија.

Пред година Samsung објавија дека за првите два дена од прелиминарните барања за Galaxy S8 добиле нарачки за вкупно 550.000 уреди што беше најдобро достигнување од 2013 година, кога за прв пат беа воведени слични пазарни механизми за новите модели на Корејците. За споредба, Galaxy S7 успеа да забележи само 200.000 нарачки во првите две недели. Официјалното лансирање на Galaxy S9 и Galaxy S9 + е на 16-ти март.

Слични содржини