Пред самитот со Путин: Бајден го покани Зеленски во Белата куќа

од Vladimir Zorba
247 прегледи

Американскиот претседател Џозеф Бајден вчера во телефонски разговор со украинскиот претседател Владимир Зеленски изјави дека ќе се залага за украинскиот суверенитет и територијалниот интегритет пред самитот со рускиот претседател Владимир Путин.

Советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан пред новинарите изјави дека двајцата лидери разговарале за билатералните односи пред патувањето на Бајден во Европа.

„Тие имаа можност опширно да разговараат за сите прашања поврзани со американско-украинските односи, а претседателот Бајден му порача на претседателот Зеленски дека тој ќе стои цврсто на суверенитетот, територијалниот интегритет и аспирациите на Украина, додека се движиме напред“, рече Саливан.

Зеленски и Бајден се договорија за политичките позиции за време на телефонскиот разговор, пред средбата на Бајден со Путин, изјави Михаило Подолјак, советник на шефот на кабинетот на Зеленски.

Зеленски му се заблагодари на Бајден на Твитер за поканата за време на телефонскиот разговор. Како одговор, Зеленски напиша дека се заблагодарува за поканата и со нетрпение го очекува состанокот на кој ќе разговара за подобрување на стратешката соработка меѓу Украина и Соединетите држави.