ПРЕДЛОГ НА ОРБАН ДО ЕУ: Прифатете ги сите вакцини!

од Vladimir Zorba
216 прегледи

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денес изјави дека на состанокот на лидерите на ЕУ во Португалија, тој ќе предложи блокот да ги прифати сите вакцини што се покажале безбедни и ефикасни и да ги искористи за забрзување на вакцинацијата низ целиот континент.

Унгарија е единствената земја на ЕУ што одобрила и применувала руски и кинески вакцини во големи количини, без Европската агенција за лекови да ги разгледа или одобри, според Ројтерс.

Ова и овозможи на Унгарија да достигне една од највисоките стапки на вакцинација во ЕУ.

Слични содржини