Предлог за појадок: Каша од кокос

од Stefanija Kuzmanovska
193 прегледи

Многу вкусна каша од кокос, одличен предлог за појадок.

Состојки:

– 2 лажици кокосово брашно

– 2 лажици мелен лен

– 3/4 шолја од 2 dl вода

– прстофат сол

– 1 јајце

– 2 лажички путер

– 1 лажица слатка павлака или кокосово млеко

– 1 лажица кафеав шеќер

Декорација:

– овошје по желба или јаткасти плодови

– мед

Подготовка:

Во мало тенџере ставете го кокосовото брашно, мелените ленени семиња, прстофат сол и вода. Измешајте и ставете на средна топлина. Мешајте додека не почне да се згуснува.

Тргнете го тенџерето од шпоретот, па полека додајте го изматеното јајце со постојано мешање. Вратете на шпорет и варете со мешање додека не се згусне кашата.

Се трга од шпорет и се меша околу половина минута, па се додава путерот, слатката павлака или кокосово млеко и шеќерот.

Ставете во чинија, а одозгора додадете свежо и сушено овошје или јаткасти плодови. По желба прелијте со мед и послужете топло.

Слични содржини