244
Состојки:
– 1 лажица чиа семе
– 4 лажици млеко
– 3 јајца
– 2 лажици маслиново масло
– половина чаша рендан кашкавал
Подготовка:
Чиа семето потопете го во млеко на собна температура околу 20 минути.
Потоа додадете ги јајцата во смесата и добро изматете.
Загрејте го маслото и истурете ја смесата. Додадете малку сол.
Кога дното ќе се испече, на едната страна од омлетот распоредете го ренданиот кашкавал и покријте го со другата страна.
Почекајте да се растопи кашкавалот, па послужете.