442
Лесно се подготвува и има одличен вкус.
Состојки:
(за 2 лица)
– 4 јајца
– 4 листови шунка
– 4 листови кашкавал
– 2 цвета брокула
– сол по вкус
– 1 лажица путер
Подготовка:
Брокулата сварете ја, па исечкајте ја. Шунката и кашкавалот исечкајте ги на помали коцки.
Во тавче растопете го путерот.
Изматете ги пенесто јајцата и солта, додадете ја шунката и кашкавалот, па истурете ги во тавата. Потоа додадете ја брокулата.
Печете додека јајцата не поруменат.
Извадете го во чинија, преклопете го омлетот и послужете со салата по ваш избор.